Вашата кошничка

Политика за приватност


ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната нa BeDifferent Store, и објаснува како BeDifferent Store (во понатамошниот текст "ние" ) ги користи вашите податоци, и се однесува на нашата веб страна www.bedifferent.com.mk. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци како полесно би разбрале кои информации ги собираме од Вас и како ги користиме тие информации. Исто така препорачуваме и повремено да ја проверувате истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Секоја измена ќе биде евидентирана. Со пристaпување или со користење на нашата веб страна се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа веб страница.

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИ

При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирање на Ваш профил), и користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате. При Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, BeDifferent Store ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта

При користење на услугата On-line купување, BeDifferent Store ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта

При користење на услугата Рефундирање на средства, BeDifferent Store ги обработува Вашите лични податоци и тоа:
• вашето име и презиме
• информации за Вашата трансакциска сметка

При користење на услугата Контакт во Информации, BeDifferent Store ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• вашето име и презиме
• адреса на е-пошта

При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), BeDifferent Store ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
• адреса на е-пошта

Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.

НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

BeDifferent Store нема да ги злоупотребува, нема да ги дава ниту открива личните податоци на корисниците, освен во случаи кога тоа го пропишува законот. BeDifferent Store ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
• администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
• навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 5;
• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.bedifferent.com.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
• за рефундирање на средства;
• за контакт по пат на електронска пошта;

ЗАШТИТА НА ВАШАТА СМЕТКА

Вашата лозинка е клучот од вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Препорачуваме при креирање на вашата лозинка да користите броеви, букви и специјални знаци. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите контрола и врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во ваше име. Доколку вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете нè и променете ја лозинката.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТИ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
• да се информирате од BeDifferent Store околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени; • да побарате од BeDifferent Store да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто BeDifferent Store треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
• да побарате од BeDifferent Store да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат;
• да побарате од BeDifferent Store да ги избрише Вашите лични податоци, при што BeDifferent Store има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
• да поднесете барање до BeDifferent Store со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
• да поднесете приговор до BeDifferent Store за начинот на обработката на Вашите лични податоци; и
• да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

За остварување на овие права, може да не контактирате на: Е-маил адреса: Контакт телефон: или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци: Име и презиме: Контакт телефон: Е-маил адреса: Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци во BeDifferent Store , имате право да се обратите и до: Агенција за заштита на личните податоци,
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18,
Скопје https://www.dzlp.mk/ info@privacy.mk

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Последна промена на Политика на приватност

Март 2024